Интервју со Сузана Мемеди

Интервју со Сузана Мемеди, директор во ОУ Кирил Пејчиновиќ-Теарце

ЦЕР:Ако може еден краток хисторијат за училиштето?
Сузана Мемеди: Училиштето во Теарце е меѓу првите основани во овој регион. Почнува со работа со настава на 15.12.1944 со една паралелка, која броеше околу 40 ученици и еден наставник.
Наставата на албански јазик почнува на 01.09.1945, додека наставата на турски започна околу 50-те. До пред неколку години во ова училиште учеле и ученици од селата од општина Теарце.
Моментално располагаме со два објекта, и во двете се води настава. Исто така во склоп на училиштето се наоѓа подрачното училиште во с.Лешок.

ЦЕР: Колку сте задоволни од сегашната ситуација во кое се наоѓа училиштето?
Сузана Мемеди: Можам да кажам дека сум задоволна до некаде, велам вака и мислам дека секој директор за да биде успешен треба да има една јасна визија. Но, ако велиме дека имаме постигнато многу, тогаш може да останеме многу назад,         
Како и нашата држава која стреми кон ЕУ, и ние работиме на тоа да се обезбедат што повеќе услови во училиштето. Работиме на тоа да се обезбедат повеќе кабинети, нови методи на работа, разни сали идр.

ЦЕР: Колку е соработката со педагогот, секретарот и наставниците на училиштето?
Сузана Мемеди: Мислам дека функционираме како еден тим. Овде сме како ланец, една алка да недостасува, тогаш нема успех. Работиме според предвиден план, која се подготвува во почетокот на учебната година.

ЦЕР:  Колку соработувате со учениците?Дали се сретнувате со нив?Со училишната заедница?
Сузана Мемеди: Јас мислам дека соработката со учениците е голема, бидејќи ние овде сме заради нив. Функционира и ученичката заедница, кои имаат раководтсво и програма. Работиме да се реализираат нивните идеи , и разните секојдневни проблеми да се решаваат за време на наставата.

ЦЕР:  Ние сме сведоци на дека подржувате разни проекти во училиштето, Зошто го правите ова?
Сузана Мемеди: Ние ги анкетираме учениците повремено и земаме нивно мислење, проектите многу влијаат кај нив. Ова ни е речено и од страна на средбите со родителите. Преку проектите се реализираат разни активнсти,  разни посети и на крајот сите се презентираат пред родители, наставници  и други. Исто така преку овие активнсоти се дополнува една голем празнина за слободните активсоти на учениците.
Мислам дека работите што учениците ги учат во проектите ќе им служат во понатамошниот живот.

ЦЕР:  Во колкава мера соработката со невладините организации влиаела да училиштето ја постигне својата цел?
Сузана Мемеди: Соработката со невладините организации многу и помага на училиштето, бидејќи големиот број на часови не им остава простор на наставниците да оддржат слободни активности, но токму преку проектните работи се дополнува овој простор.

ЦЕР:   Како ја гледате училиштето после 10 години?
Сузана Мемеди: Мислам дека е еден долг период, но се надевам ке биде средно училиште. Го гледам како едно ефективно училиште, со еден професионален кадар и квалитетна настава. Исто така со една повисока соработка со институциите, пштината невалидните организации.

ЦЕР:  Кои се вашите планови за во иднина?
Сузана Мемеди: Пред малку спомнав, работиме да во училиштетот се обезбеди квалитетна настава, ова не значи дека сега немаме, но секогаш е добро се стреми кон подобро.
Би сакала да се реализира кабинетната настава. Планираме интеграција на информатиката во другите предмети според сите предвидени новости од Министерстовото за образование.

Од името на Центарот за едукација и развој една голема благодарност и за веремето што го одвоивте за нас. Се надеваме вашите идеи ќе се реализират што побрзо, бидејќи тоа е за доброто на сите.

Со почит, Тамара, Блерта & Недиме

||мак