ИЗЛОЖБА

  Групна изложба на слики

Во рамките на активностите на проектот Мала Врата/ Културни иницијативи во заедниците, на 15 Ноември 2007 во просториите на основното училиште Кирил Пејчиновиќ се оддржа групна изложба на слики каде учествуваа сликари од регионот на Теарце, но и пошироко.
Целта на активноста беше да им се понуди на сликарите да ги промовират уметнички вредности преку нивните слики и поттикнување на младите сликари да во иднина работат во оваа насока, како и подигање на свеста за зачувување на овие вредности.
Изложбата во Теарце е првата фаза на ова активност, втората фаза ке биде во Тетово, третата во Ростуше и последна пред публиката во Скопје.
Ова активност се проследи од еден голем број на обожаватели на уметноста, каде мора да се истакне дека изложбата беше прва со ваков вид во регинот и со надеж во иднина да се организират повеќе слични активности.
Целата активност беше реализирана како резултат на соработката меѓу членовите на проектот Мала Врата, Центарот за Едукација и Развој-Теарце, Про Хелветиа, Скопје и уметниците кои делуваат во овој регион.

.. >>Слики од активноста<<

||мак