CED започнува со имплементација на два проекта во Теарце

CED започнува со имплементација на два проекта во Теарце


Во септември 2008 од страна на Центарот за современи уметности Скопје и Центар за едукација и развој Теарце се одржи тренинг-семинар за членовите, студентите и младите од Општина Теарце на тема: Идентификација и изработка на проекти, Менаџирање на проекти како и мониторирање и евалуирање на разни проекти.
На овој тридневен тренинг учествуваа 15 млади, студенти и членови на организацијата кои изразија желба да работат на совладување на секојдневните проблеми со кои младите и граѓаните од овој регион се соочуваат.
Како резултат на оваа обука од страна на членовите на CED се изработија два проекта кои ќе се имплементираат до февруари 2009 година.
Првиот проект како главна тема ја има екологијата, каде преку разните активности ќе се работи на подигање на свеста на младите за зачувување на средината.
Додека вториот проект има за цел подигање на креативните способности на младите, употребувајќи го глумата како главна техника.
Учесници во овој проект се ученици од петто и шесто одделение од училиштето во Теарце, со надеж истите активности да се прошираат во другите села во регионот на Општина Теарце.
Ангажирани во овој проект како кординатори се Илира Идризи, Суада Фазли, Џенан Идризи, Астрит Реџепи, Гентиан Џемаили, Недиме Идризи и Блерта Џемаили.
Во склоп на овие проекти, разни активности ќе се организираат како: дискусии за разни теми, состаноци со лекари, актери и јавни лица, презентација на филмови, екскурзии со едукативен карактер и на крајот презентација на сите овие активности пред поголема публика во Теарце.

Повеќе слики од состанокот во галериата

||мак