Еден од поважните проекти кој се реализира во Младинскиот Клуб во Теарце е проектот Самовработување и развој на кариерата. Ова обука е наменета за младите кои живеат во општина Теарце, и каде учествуваат ученици од средни училишта и студенти, а кои воедно беа членови на првата Танц Театар група во регионот на Теарце. Групата беше наречена MULTI ANGELS, и активно функсионираше од 2004 до 2006. За ова време групата настапуваше во повеќе од 8 различни сцени и тоа во Теарце, Тетово, Скопје и Охрид.
Некои од пораките кои ги пренесуваа членовите на групата беа дека заеднички треба да се бориме против негативните работи како дрога, војна, насилство и сите заедно да се основаме на нашите заеднички вредности, и да бидеме успешни употребувајќи ја креативноста, во овој случај Танц-Театарот.
Овој проект воедно преставува единствено место за младите каде тие би го прошле своето слободно време и преку разните практични активности учаат за нивен персонален развој и запознавање на сопствените способности, а со тоа да бидат по подготвени за соочување со секојдневните предизвици.
Проектот се реализира од страна на Центарот за едукација и развој и Центарот за неформално образование-Триаголник.
Во галериата имате можност да видите некои постари слики од активностите на групата и од сегашниот проект.
