Дека сите сме еднакви, а се разликуваме само по вредностите што ги поседуваме здобиени низ годините, докажува и книгата со наслов “Од Руништа и Атушишта до денешно Теарце” на г-дин Здравко Серафимовски-Зевс, која по речиси 10- годишна истражувачка работа ја виде светлината на денот.
Ова е прва монографија за оваа голема полошка населба и е наменета за подобро запознавање на историјатот и географијата на ова село, но и да послужи како истражувачки материјал и основа за идните генерации да продолжаат да истражуваат во истата насока.
Авторот при истражувањето се соочил со две отежителни околности и тоа дека Теарце е формирано од две соседни населби (Теарце и Отушишта) за кои не може одделно да се пишува, како и фактот дека Теарце како повеќеконфесионална и повеќенационална средина се разликува не само од другите средини од Долни Полог, туку и пошироко во Републиката.
Инаку Здравко Серафимовски-Зевс е роден во Теарце во 1951 година. Завршил средно економско училиште, а извесно време студирал Социологија на факултетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Обавувал повеќе општествени фукции на локално ниво, а подолго време се занимавал со новинарство, при што бил дописник во дневниот весник “Вечер”. Во последно време се занимава со истражувачка дејност, при што бил член на работна група во проектот WSP-ПЕВ Македонија(проект за единствена визија). Вработен е во општина Теарце како самостоен референт во Секторот за финансии и буџет.
Убедени сме дека книгата ќе предизвика позитивни реакции кај локалното население и пошироко, што ќе резултира со понатамошно истражување на корените, доселувањата, генеалогијата, демографските движења и, националните обележја на сите националности кои живеат во ова село. Авторот З.С. наишол на потешкотии поради оскудните информации од албанското и турската население, за што однапред бара разбирање од страна на своите сограѓани, со надеж во иднина некој да продолжи каде што е застанато, за што и нуди конкретна соработка и помош.
На крајот ќе истакнеме дека животот продолжува понатаму, сите ја делиме заедничката судбина со сите националности и дека само почитувајќи ги другите култури, а незаборавајќи ја својата, едно општество може да биде успешно. Само така ќе бидеме поблиску до семејството наречено Европска Унијa.
PDF File >>Кон ова издание<<
Пишувај му на авторот: zdravkozevs@live.com

