Кратка биографија на организацијата

биографија

Центар за Едукација и Развој - Теарце е невладина организација основана во декември 2006 година за развој, едукација, компетенции и вештини. ЦЕРТ е основана како резултат на потребите од заедниците кои живеат во регионот на Долни Полог. Таа е составена од млад искусен и динамичен тим на професионалци, кои досега на различни начини биле вклучени во разни проекти во регионот, па и во национални проекти. Организацијата во изминатиов период бележи константен раст и зголемена понуда на услуги, бидејќи како главна целна група се младите, наставниците и студентите, кои не се задоволни со моменталната ситуација и кои сакаат да придонесат за подобро општество.
Организацијава има членови од регионот на Теарце, Тетово и Скопје од кои голем број од нив се млади студенти, наставници, луѓе со искуство во други организации.
Нашиот фокус е насочен кон задоволување на вашите потреби. Имаме планирано да Ви понудиме услуги кои ќе ги задоволуваат потребите на сите жители кои живеат во регионот на Долни Полог.
Стручниот тим на ЦЕРТ постојано работи на нови и актуелни програми и проекти за работилници од отворен тип наменети за млади кои сакаат да ги зајакнат своите вештини и способности, компатибилно со националната програма за развој на образованието е европското образование и неговата современа образовна технологија.
Со работа и ангажирање да оствариме визија која без акција е само сон, а само акција без визија е случајна активност, а визијата и акцијата заедно ги остваруваат целите.

Нашиот приказ нека биде едно мал осврт за нашата организација со сите нејзини карактерстични белези кои значат различност од другите организации.

Повеќе информации за членовите и цели: Членови на организацијта , Цел,..


||мак