Која е главната цел на образованието? ..Зошто ЦЕД дејствува на ова поле?
Од самата дефиниција, според која обрзаованието претставува збир на вредности, духовни, ментални и физички навики кои ги добива индивидуата под влијание на училиштето, семејството или општеството. Со еден збор образованието претставува здобивање на индивидуата со разни вештини и знаења.
Според нашите сознанија, свесни сме дека постојат три вида на образование и тоа:
Формално образование (анг. Formal education) се поддразбираат образовните процеси кои што се одвиваат внатре во формално-образовниот систем, хиерархиски структуирано (од основните училишта до факултетите), кои што резултираат со стекнување на одредени занимања и дипломи.
Неформално образование (ang. Non-formal education) се поддразбираат организирани процеси на учење кои се надвор од форлмалниот образовен систем и кои се најчесто насочени за личниот развој на поединцеот.
Информалното образование (анг. Informal education) поддразбира различни, воглавно
индивидуални,образовни активности самоиницирани од некоја личност која што учи или спонтано стекнува различни искуства во животот (од учење дома по пат на електронски медиуми и интернет, до стекнување на различни знаења во контактите со други луѓе во процесот на социјализација).
Знаејќи ги резултатите кои се постигнуваат преку неформалното образование, каде учесниците со самоиницијатива се самоедуцираат и поттикнуваат промени во општеството, ЦЕД продолжува со промовирање на НФО организирајќи разни работилниц, размени, изложби, кампво и други активности.
Свесни сме дека сите овие вида на образование се важни за развојот на личноста, стремиме да во идните проекти со млади се промовираат вредностите како : Почит кон лицата, Промовирање на благосостојба, Вистина и Демократија, Правичност/непристрасност и еднаквост.

Едукација







