Нашето разбирање за Интеркултурното Учење

“Војната започнува во умот, затоа во умот мирот мора да се создаде”, тргнувајќи од овој принцип која се наоаѓа и во преамбулата на уставот на УНЕСКО, Интеркултурното Учење се гледа како учење, но како и обука за мир. Во целост запознавањето на сопствената култура како и познавањето на другите култури претставува еден многу важен елемент за надминување на неправдите. Во светот има околу 200 држави, 6000 јазика како и околу 10000 култури. Постоењето на мултикултурните држави во целиот свет се непориклив факт. Интеркултурното учење прифаќа дека училиштата се многу важни места за трансформација на општеството и елиминирање на дискриминацијата. Принципите кои ги брани ова образование се социална и институционлана правда во местата каде децата учат, а која и автоматски подразбира социална и институционална правда во државата. Овој концепт почнал да се применува во 60 те, додека со поминувањето на времето еволирал како на практичен така и на теоретски план.
Многу е тешко двајца наставници од иста тематика на инеркултурното учење овој концепт да го
именуваат со заедничка дефиниција. Називот претставува една поширок спектар на концепти. Разните дефиниции објаснети од важни мислитетли биле под влијание на разни социални и други општествени случувања. Во минатото со интеркултурно учење се објаснувале дејствија кои имале за цел едукација на емигрантски групи или малцински групи.
Интеркултурното учење игра една важна улога во формирањето на идентитетот која никогаш не е нешто изолирано, туку еден социално-итерактивен процес.
Интеркултурното учење - како и секое добро учење-создава човештво.
Неколку од проектите и активностите каде се промовира Интеркултурното учење реализирано од Центар за едукација и развој.
Интеркултурна размена во Троген, Швајцарија

Како резултат на досегашната соработка на ЦЕД со Детската фондација Песталоци, 7 ученика од Терце ќе патуваат за Троген, Швајцариа за да учествуваат во меѓунаордната размена. Како главен критериум за селектирање на децата е нивната социална положба и учеството во разните активности на организацијата.
За време на размената ќе имаат можност да посетат разни места, запознаваат нови луѓе и придобиваат преку неформални методи на учење.
Меѓународна размена во Северна Ирска

Од 5 до 10 декември 2010, делегација од претставници од разните институции ќе учествуваат во меѓународнта студиска размена во Северна Ирска. Во оваа делегација од регионот на Општина Теарце учествуваа Градоначалникот на Општина Теарце г. Исен Асани и Претседателот на НВО Центар за едукација и развој г.Метин Муареми. Претходно овие две институции и училиштето ОУ Кирил Пејчиновиќ беа домаќини на Северно Ирската делегиција, кои имаа можност да се запознаваат со функсионирањето на овие институции, предизвиците со кои се соочуваат во време на економска криза како и начините на справување со образованите предизвици.
Како главна цел на ова посета беа промовирање на позитивните соработки и дијалогот помеѓу сите релевантни институции, креирање на позитивна клима со цел соработка помеѓу сите различни националоности кои живеат во регионот.
Проектот се реализира помеѓу MNI (Mediation Northern Irland), во соработка со МЦМС со логистика од НВО ЦЕД.








