Home Едукација Курс Основи на Младинска Работа

Курс Основи на младинска работа во заедницата 

slika-111

100 избрани учесници го посетуваат шестмесечниот курс Основи на младинска работа во заедницата кој ќе им овозможи да станат активни граѓани и да создаваат позитивни промени во својата заедница. Целта на овој курс е младинските лидери или лицата кои професионално или волонтерски директно работат со млади, да стекнат знаења и вештини на полето на социјална едукација и неформално образование.

Содржина на Курсот
Курсот Основи на младинска работа во заедницата се состои од 6 образовни целини кои ќе ги оспособат учесниците во следниве области: вовед во младинска работа и неформално образование, етика во работата со млади, менаџмент на себе и другите, планирање на работата со млади, работа со индивидуи, работа со конфликт и различности, работа со групи.

Развојни проекти
По завршувањето на обуката, како дел од овој проект, учесниците ќе реализираат развоен проект со млади. Областа на проектот ќе биде во зависност од потребите на заедницата,  а проектот треба да го поттикнува кај другите духот на активни граѓани. Проектите ќе се фокусираат на темите невработеност, мултиетничка соработка, еднакви можности и разноликост и заштита на животната средина.

 

Albanian-ALМакедонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Polls

A mendoni që Mali Sharr duhet të shpallet Park Nacional?
 

Случајна слика

Банер
Банер
Банер