Што е Неформално образование?
Од самото основање на организацијата проектите што беа реализирани од ЦЕД имаа за цел промовирање на личниот развој, групна работа, поттикнување на креативноста кај младите преку моментално најприфатливиот метод на работа со младите и тоа преку неформалното образование. Самата организација се води од концептот дека Секој учи додека е жив, и верува дека кај секоја личност без разлика на неговата припадност или верување постои капацитет за личен развој низ целиот животен процес.
Неформалното образование NFO (NON FORMAL EDUCATION) , како такво, има долга традиција во нашата земја, но како и се останато тоа сепак нема некое адекватно признание. Ваквата форма на стекнување на знаења и вештини, како и важни животни вредности, се чини дека заслужува поголемо внимание. Што е тоа неформално образование и од каде потекнува и каков вид на образование е? Каква е друштвената вредност на неформалното образование, на кој начин тоа го поттикнува развојот на друштвената вклученост и рамноправност, ова се само дел од прашањата на кои тука ќе наидете на одговор.
Да започнеме од тоа што претставува формално образование. Овој вид на образование најчесто е пропишано со правни акти и е задолжително. Школското образование кај нас во голема мера е базирано врз основа на формални принципи на образување. Потребите на некој образуван се менуавеле со текот на време, односно со развојот на науката и технологијата како и другите социјални и економски промени кои настанале во 60-тите и 70-тите години. Така формалното образование не можело да ги прати овие промени и затоа се јавува потребата да се дополни истото. Така на сцената настапува неформалното образование, како негово дополнување а не како негова спротивност.
UNESCO во 1972 год. го дефинира NFO како “ организирана едукативна активност, надвор од формалниот систем кое има за цел да ги задоволи потребите на корисникот, а и целите на учење”.
Квалитетно учење во NFO е можно доколку постојат:
v Јасно дефинирана рамка во која ќе се спроведува
v Програм кој е прилагоден на целната група
v Јасно дефинирани цели
v Флексибилна програма
v Доброволно учество, независно од возраста, искуството, образованието...
v Компетентен едукатор, фасилитатор
v Интерактивен и хоризонтален однос меѓу тренерот и учесниците
v Размена на искуства и вештини, и учење преку пракса.
Неформалното образование нуди мноштво од програми за едукација, кои може да се сведат на две пошироки категории, образовни програми и програми за воспитување. Овие програми се наменети за различни целни групи како за младите, возрасните, родителите итн. NFO трае целиот живот, и едукаторите имаат цел и одговорност да им ја приближат темата на заинтересираните учесници, преку вклучување во активности и преку искуства да научат многу работи. Кај NFO секој учи од секого. Се учи од целните групи, преку интерактивни односи со учесниците и едукаторите, се учи преку работа, акција, пракса, искуство. Ова образование е практично применливо и во животот, притоа со секое учење на крајот се добиваат соодветни дипломи и сертификати кои во последно време се верифицирани и кај нас. Интересната работа кај неформалното образование е тоа што секоја заинтересирана личност може во било кое време да започне со истото. Нема една временска рамка во која е одредено кој би можел акој не да уцествува, доволно е да има желба и иницијатива и може да се започне со овој вид на образование, кое е флексибилен метод на работа прилагодлив на потребите на поединците.

При подготовка на овој прилог се употребени материали од:
- “Неформално Образование” ( Невидлјива Снага Друштва)-Издавач Хајде Да, Београд 2005
- Community Youth Development, A Framework for Action Della M. Hughes, Susan P. Curnan
- Материали од Курсот Основи на Младинска Работа








