Home Културен Развој Активности и манифестации

Кратка хисторија за Теарце

slika-3Теарце како општина постои од 1996, но ова место има една многу богата хисторија. Според разните хисториски факти од ова место потекнуват многу важни лица, кои имале влијание не само во државата но и пошироко во регионот.

Првите документи за постоењето на ова место ни ги овозможуваат османлиските документи од XV век, каде името на ова место многу пати се споменува.

Во ова место постојат места за кои е потребно да се направат истражувачки активности, а кои би расветиле многу факти за ова место. Постојат Џамии и Цркви кои ја збогатуваат повеќе хисторијата на ова место. Џамијата во ова село е меѓу најстарите објекти, таа постои од 1678, која и ден денес е функционална. Низ разни временски периоди ова место трпело измени, каде мора да го спомнеме постоењето на Општина Теарце од 1956, но овој статус многу брзо ова Теарце го губи од тогашната власт.

Денес ова село стреми да има водечка улога во овој регион, каде и фунционират општината, поштата, амбулантата, училиштето, полицијата и други објекти од разни области.

 Во галеријатa ќе имате ексклузивна можност да видите слики позајмени од монографијата на г. Сервет Ќамили, која многу брзо ќе се печати. Ова книга ќе има истотака промоција во веб страната на организацијата.

 

Промоција на книгата Од Руништа и Атушишта до денешно Теарце

 од Здравко Серафимовски-Зевс

 Ballina-PLДека сите сме еднакви, а се разликуваме само по вредностите што ги поседуваме  здобиени низ годините,  докажува и книгата со наслов “Од Руништа и Атушишта до денешно Теарце” на г-дин Здравко Серафимовски-Зевс, која по речиси 10- годишна истражувачка работа ја виде светлината на денот.

Ова е прва монографија за оваа голема полошка населба и е наменета за подобро запознавање наисторијатот и географијата на ова село, но и да послужи како истражувачки материјал и основа за идните генерации да продолжаат да истражуваат во истата насока. Авторот при истражувањето се  соочил со две отежителни околности и тоа дека Теарце е формирано од две соседни населби (Теарце и Отушишта) за кои не може одделно да се пишува, како и фактот дека Теарце како повеќеконфесионална и повеќенационална средина се разликува не само од другите средини од Долни Полог, туку и пошироко во Републиката. Инаку Здравко Серафимовски-Зевс е роден во Теарце во 1951 година. Завршил средно економско училиште, а извесно време студирал Социологија на факултетот  „Кирил и Методиј“ во Скопје. Обавувал повеќе општествени фукции  на локално ниво, а подолго време се занимавал со новинарство, при што бил дописник во дневниот весник “Вечер”. Во последно време се занимава со истражувачка дејност, при што бил член на работна група во проектот WSP-ПЕВ Македонија(проект за единствена визија). Вработен е  во општина Теарце како самостоен референт во Секторот за финансии и буџет.

Убедени сме дека книгата ќе предизвика позитивни реакции кај локалното население и пошироко, што ќеProfile резултира со понатамошно истражување на корените, доселувањата, генеалогијата, демографските движења и, националните обележја на сите националности кои живеат во ова село. Авторот З.С. наишол на потешкотии поради оскудните информации од албанското и турската население, за што однапред  бара разбирање од страна на своите сограѓани, со надеж во иднина некој да продолжи каде што е застанато, за што и нуди конкретна соработка и  помош.

На крајот ќе истакнеме дека животот продолжува понатаму, сите ја делиме заедничката судбина со ситенационалности и дека само почитувајќи ги другите култури, а незаборавајќи ја својата, едно општество може да биде успешно. Само така ќе бидеме поблиску до семејството наречено Европска Унија.

Albanian-ALМакедонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Polls

A mendoni që Mali Sharr duhet të shpallet Park Nacional?
 

Случајна слика

Банер
Банер
Банер