Home Младинска Работа Еколошки активности

Ден на екологија 2011

Ballina_Eko2011На 21 март 2011 ЦЕД го одбележуваше Денот на екологијата во Општина Теарце со разни активности со цел поддигање на свеста за зачувување на средината. Имајќи ги во предвид нејзините приоритети, организацијата со поддршка од Општина Теарце, Јавното претпријатие ЕКО ФЛОР, училиштата во регионот и проектот Култура во рурални средини ја имплементираше активноста Чиста Средина-Здрава Иднина.

Главна цел на активноста е да се влијае кај свеста на младите и жителите на овиеEko2011-2 населени места за да се грижат за нивната средина каде тие живеат. Во рамките на ова активност во почетокот се реализираа неколку работилници со еколошки теми, додека најглавен дел беше собирањето на отпадоци низ најглаваните улици низ селата и институциите од страна на ученици, членови на ЦЕД како и жители на овие места.

 

 

Според Арѓенд Рустеми, многу е добро што носител на ова активност беа учениците и младите, бидејќи само на овој начин можеме да придонесеме за оддржување на нашето место чисто, само ако ние директно придонесеме.

За време на работилниците, учениците подготвија разни пароли како: Да ја оддржуваме средината чиста, Јас сакам да живеам во една чиста средина. Се надевам дека ова ќе продолжи и понатака и дека ќе поттикне поголем број на луѓе да заземат учество во вакви активности кои и немора да се случуваат само на овој ден истакна Слаѓана Коцевска, член на организацијата. Затоа луѓе ако сакате да живеете во една еколошка и чиста средина време е да превземете нешто. Иднината е во ваши раце.

Eko2011-3

Оваа активност веќе петта година успешно по ред се реализира од страна на организацијата.

 

Чиста средина-Здрава иднина 2008


На 17 април 2008 ЦЕД во соработка со Еко Флор, Општина Теарце, ОУ Кирил Пејчинови и ОУ Асдрени ја реализира активноста наречена: Чиста средина-Здрава иднина во селата Теарце и Пршофце. Целта на активноста беше подигање на свеста на учениците, наставниците, младите и другите за одржување на нашата средина чиста.

2

Активноста започна со работилница на која учествуваа ученици и кои дискутира околу тоа како средините каде тие живеат да се одржаат чисти. Потоа следуваше собирање на отпадоци низ поглавните улици во двете села. Во активноста беа вклучени околу 120 ученици, 15 наставници, 15 студенти и други членови на ЦЕД.

Оваа активност влијаеше да во иднина сите бидеме повнимателни со нашата средина и дека слични активности се многу неопходни. Резултати на оваа активност може да видите и од сликите кои се направени за време на овој ден.

Albanian-ALМакедонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Polls

A mendoni që Mali Sharr duhet të shpallet Park Nacional?
 

Случајна слика

Банер
Банер
Банер