Home Младинска Работа Волонтерство

Волунтерство

"Тоа што сме направиле за себе, умира со нас; Тоа што сме направиле за другите и светот останува бесмртно"~Albert Pike

Vullnetarizem1Една од најважните вредности во кои организацијата се заснова и за кои таа стреми е промовирањето на волунтерството како вредност во општеството. Од самото основање се до денес, многумина од активностите кои беа реализирани од страна на младите беа на ниво на волунтерство. Овие активности имале големо влијание во самото општество. Бидејќи младите претходно беа обучени и се здобија со претходни знаења околу потребите на младите во општеството. Од 2009 година во рамките на организациската структура на организацијата функсионира Совет на Волунтери, составен од млади, студенти и други граѓани од разни профили. Овој совет веќе трета година учествува во разни обуки како: Обука за фасилитирање и обука за волунтерство, која се реализираше како дел од Проактив проектот.

Во 2010 година членови на овој Совет учествуваа во еднодневни обуки со следниве теми :Младинска партиципација, Фасилитирање на разни групи, Детски права како и Обука за Волунтерство. Сите овие обуки влијаеја во мотивирањето на младите да тие на организиран начин функсионираат во рамките на организиацијата ЦЕД. Главната идеја на функсионирањето на овој орган е да младите од сите нивоа да имаат место каде да ги истакнат нивните идеји, а потоа преку разни активности на ЦЕД тие бидат поддржани и реализирани.

Оваа екипа има за цел само развивање на младите, бидејќи во рамките на нивните активности учесниците организираат интерни семинари за другите членови, кои се спремни да промовират позитивни промени во самите општества.

Вториот важен елемент на овој Совет е да младите од разните профили, ангажирајќи се во разни активности тие се справуваат со нивните можности за докажување. Сето ова се постигнува, со тоа што младите се многу помотивирани да решаваат проблеми, само тогаш кога тие ги поседуваат.

Како резултат на досегашните иницијативи повеќе од пет проекта се реализирани во Општина Теарце,Random_Pictures_8каде млади волунтери по усшпешното учество во обуки започнуваа индивидуални иницијативи и проекти. Како иницијатива на Лоран Салиу и Јетмире Малики во село Пршовце се основаше Танц театар група, која понатаму израсна во проект и се подуваше од Прохелветиа, Швајцарска програма за култура. Основањето на детскиот парк во Теарце се реализираше со иницијатива на Џемал Ќамили и Менсуре Илази, а со голема подршка на наставниците Ахмет Јаји и Енвер Рамадани. Сите овие активности продолжуваат, додека Советот на младите се гледа како единствено место за реализирање на нивните потреби како ценети граѓани во општеството.

 

Ако сте ученик во некое средно училиште, студент или имате идеја, Вие слободно може да аплицирате за да се вклучите во активности од организацијата. Ангажмани кои ги нуди организацијата се:

  • Работа во канцеларија
  • Имплементирање на спортски, еколошки и културни активности
  • Работа со деца(разни работилници)
  • Работа со деца со посебни потреби
  • Проекти за фотографириње и работа со камера
  • Организирање на самостојни изложби
  • Проектирање на филм

За ваше вклучување во активностите на организацијата пишете ни во маилот на организацијата: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Albanian-ALМакедонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Polls

A mendoni që Mali Sharr duhet të shpallet Park Nacional?
 

Случајна слика

Банер
Банер
Банер