Home За нас Историја

 И с т о р и ј а т


Прв период -Теарце: Можност за имплементација на проекти


Како и што многумина констатираат, Теарце со години бил едно заедничко место за многу граѓани кои биле староседелци, но како резултат на либералниот дух која со години преовладувал има дал можност на сите други да се интегрират во сите сфери на животот во ова село. Несомнено во Теарце живеат граѓани од 10 и повеќе села од различни места од Македонија но и места од Косово. Оваа културна разноликост како и автентичноста на еден поголем број жители секогаш бил како поттик за да сите работат на промовирање на позитивни вредности и да придонесуваат животот во ова населено место изгледа како место за секого. После 2001, Теарце се етикетарише како сигурно место каде многу водачи на НВОа имплементират проекти со цел претставување на меѓуетничка соработка, кои и по конфликтот во 2001 граѓаните успеја да ги зачувуваат.  Меѓу проектите кои придонесувааза основање на една критична маса која во иднина ќе се продолжува сама да функсионира беа проектите Бабилон (ЦБЦ Лоја), Танц Театар Група(Курве Вустроу, Германија), Обука за Обучувачи( Детски Театарски Центар, Скопје), Отворени Кино(ЦСУ Скопје), како и ЕКАП проектот кој влијаеше многу во регионот.

Втор период: Основање на НВО Центар за едукација и развој (ЦЕД)


За реализација на секој проект, како главна потреба освен финансиските средства многу е потребно постоење на разни човекови капацитети. Во сите горенаведени проекти главни носители беа локални активисти кои со вложениот труд но и преку директната работа со граѓаните се здобија со големо искуство, но во исто време авторитет кај локалното население кои придонесуваат за подобрување на културната и едукативната положба на сите граѓани. Знаејќи дека по завршување на секој проект како главно прашање е Што после?, т.е. како проектот ќе продолжи по заминување на еден донатор, активистите со иницијатива на Метин Муареми, Менсуре Илази, Џемал Ќамили, Дијана Петровска и Алије Малики одлучија да на 22 декември 2006 ја основаат организацијата ЦЕД, која од тој момент премина на правно лице, свесни за временските предизвици и со фактот дека во државата регистрирани се над 8000 НВОа.

Трет период: “Можностите се таму каде вие ги пронаоѓате, а не таму каде тие Вас ве пронаоѓаат”


По основањето, ЦЕД продолжува со реализирање на разни активнсоти со цел организирање културни настани, манифестации со цел промоција на Детски Права, Обука за наставници и Младински работници со цел употреба на нови вештини во едукативниот процес, како и многу други креативни работилници. Организацијата верва дека само преку соработка на сите релевантни претставници во регионот може да се создаде подобар живот во сите сфери за сите кои живеат во регионот.

Многумина од реализираните прокети беа поддржани од Швајцарска Култура за развој, Прохелветија, Министерство за образование и наука, како и последниот донатор Детска Фондација Песталоци, Швајцарија.

Стремејќи да CED стане една сериозна и професионална организација, во рамките на Проактив Проектот, водачите на организацијата одлучија да креират Стратетшки план за следните 3 години, каде се дефинираа полињата на дејствување, Мисија, Визија како и стратешките правци.

ЦЕД е основана како резултат на потребите од заедниците кои живеата во регионот на Западна Македонија. Таа е составена од млад искусен и динамичен тим на професионалциi, кои досега на различни начина се вклучени во разни проекти на локално, државно но меѓународно ниво. Како Целна група на организацијат се младите од 12-28 години, кои не се задоволни со моменталнат ситуација и кои сакаат да придонесат за подобро општество, додека за постигнување на нивните цели во активностите се вклучени млади, наставници, родители, раководители на институции и водачи на други НВОа.

 

**********

Како резултат на досегашните проекти, од 2009 ЦЕД е членка на разни коалиции и мрежи на организации:

 

-Членка на проектот Култура во рурални средини(RCC)

-Членка на коалиции на организации СЕГА

-Членка на Сојуз за развој на образование на возрасни и доживотно учење СРОВ

-Членка на Младински образпвен форум МОФ

-Партнер на Песталоци за имплементирање на размени(заедно со Мајка и СППМД)

 

 

 

 

Albanian-ALМакедонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Polls

A mendoni që Mali Sharr duhet të shpallet Park Nacional?
 

Случајна слика

Банер
Банер
Банер